Клоп: Две ѕвезди на Ливерпул го пропуштаат Европското првенство

Дефанзивците на „црвените“ нема да бидат подготвени за Европското првенство, кое се игра на лето. Виргил ван Дијк веќе подолго време е надвор од терените по тешката повреда што ја заработи на мечот со Евертон и без него Холандија ќе мора да игра на Европско.

Исто така, лоши вести од лекарите на Ливерпул пристигнуваат и за англискиот тренер, кој нема да може да смета на Џо Гомез, уште еден тешко повреден дефанзивец на „црвените“.

Оваа вест ја потврди менаџерот на англискиот шампион Јирген Клоп, кој дефинитивно ќе остане без титула оваа сезона, а една од главните причини за лошите резултати се препишува и на тешките повреди што го доживеаа неговите фудбалери.

Се вчитува...