Клоп го има на „пик“ новиот талент на Баерн Минхен

Англискиот премиерлигаш Ливерпул влегува во игра за потписот на младиот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусиала. 19-годишникот игра одлично сезонава во дресот на Баварците, каде на 12 натпревари веќе има запишано седум погодоци и шест асистенции.

Токму поради ова Јирген Клоп сака да го доведе на „Енфилд роуд“ следната сезона, но доколку го сака неговиот потпис ќе мора да плати 80 милиони евра.

Двата клуба имаат одличен однос по трансферите на Тијаго во Ливерпул и на Садио Мане во Баерн, но јасно е дека баварскиот гигант нема да биде лесен преговарач со оглед на желбата на директорот Салихамиџиќ да го задржи Мусиала што подолго на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...