Антонио Ридигер бил подготвен да стави крај на репрезентативната кариера веднаш по болниот пораз на Германија од Парагвај. Разочаран од резултатот и изданието на националниот тим, искусниот дефанзивец им соопштил на соиграчите дека повеќе нема да го носи дресот на Германија.
Сепак, работите се промениле по назначувањето на Јирген Клоп за нов селектор. Доаѓањето на поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд внесе нов оптимизам, а Ридигер сега не е целосно сигурен дека ќе се повлече од репрезентацијата.
Клоп сака да изгради нов, борбен тим и наскоро ќе разговара со репрезентативците, а еден од првите важни состаноци би можел да биде токму со Ридигер. Искусниот стопер сака да ги слушне плановите на новиот селектор пред да ја донесе конечната одлука за својата репрезентативна иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
