Клоп и дефинитивно го „откачи“ Реал, целта му е да води репрезентација

Спортскиот директор на групацијата „Ред Бул“ Јирген Клоп, кој беше поврзуван со Реал Мадрид, најверојатно нема да се сели на „Сантијаго Бернабеу“ откако изјави дека е среќен со моменталната позиција, објави „АС“.

Според информациите, иднината на Германецот не е повеќе поврзана со „кралевите“, а како доглорочна цел останува Клоп да стане селектор на Германија, но тоа не е негов главен приоритет.

Последна работа на Клоп му беше во Ливерпул кој го водеше од 2015 до 2024 година, и под негово водство тимот ја освои титулата во Премиерлигата, и трофејот во Лигата на шампионите.

Арбелоа е моментално главен тренер на Реал, но веројатно ќе си замине на крајот на сезоната. Со тренерската клупа на „кралевите“ во последно време се почесто се поврзуваат Дидие Дешамп, Маурисио Покетино, а во опција е и „кам-бек“ на Жозе Мурињо.

Се вчитува...