Клоп: Испративме јасна порака, Ливерпул ќе се бори до крај!

Ливерпул синоќа целосно го контролираше натпреварот против Арсенал, па ваквиот пристап против „топџиите“ донесе голема и значајна победа од 3-0 за фудбалерите на Клоп.

Менаџерот на „црвените“ исткана дека е задоволен, па јасно стави до знаење дека со оваа победа им ветува на фановите дека Ливерпул нема да се откаже од борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона.

„Мораме да покажеме дека навистина се бориме. Ова беше многу важна победа за нас, па со неа сакаме да испратиме гласна порака до нашите фанови. Нашата ситуација е многу јасна, со сите работи што ни се случија оваа сезона, нема да застанеме и да паднеме во депресија, напротив ќе се бориме до крај“, изјави Клоп.

Се вчитува...