Клоп: Каков луд меч во Мадрид, судбина беше финалето да го играме против Реал

Јирген Клоп и Ливерпул го добија ривалот што го посакуваа во големото финале од Лигата на Шампионите, откако Реал Мадрид во драматична завршница по продолженија го елиминираше Манчестер Сити.

Со тоа, „црвените“ добија можност да се одмаздат за поразот во финалето во Киев од пред три години, меч што го одбележа катастрофалното издание на голманот на Ливерпул, Кариус.

„Каков луд меч беше оној во Мадрид, многумина можеби и размислуваа предвреме да го исклучат телевизорот, а потоа се случи она чудо. Во таборот на Сити сигурно жалат што се елиминирани на така несреќен начин, но Реал ги елиминираше ПСЖ, Челси и Сити за нецели три месеци. Кога ќе го направиш тоа, дефинитивно заслужуваш да бидеш во финалето. Да бидам искрен, го посакувам Реал за ривал во ново финале од ЛШ уште од оној пораз во Киев. Тогаш немавме среќа, но тој меч беше одигран одамна. Ме радува што ќе играат два огромни тима, не се сомневам дека публиката ќе ужива во фантастичен фудбал“, истакна Клоп.

Се вчитува...