Клоп: Ливерпул треба да биде како Челси

Ливерпул пропушти идеална шанса да се зацврсти на третото место на табелата откако одигра само 2-2 на домашен терен со Бурнемаут. Тимот на Јирген Клоп веќе загуби 15 бода сезонава во натпревари во кои во последните петнаесет минути имаше предност, па германскиот стратег со право е разочаран, порачувајќи им на своите фудбалери да се угледаат на Челси и на начинот на кој актуелниот лидер ги финишира своите средби.

Најверојатно треба да бидеме како Челси, бидејќи овој тим кога има водство од еден гол, во последните 20 минути само два-три пати им дозволува на противниците да ја допрат топката. Ние му дозволивме на Бурнемаут да се врати и да ја преземе иницијативата, тоа е факт и тоа е нешто што не смее да ни се случува. Мислам дека главниот фактор е искуството, тоа е она што ни недостига и што ќе дојде со тек на времето“ – истакна Клоп.

Останува да се види дали „црвените“ ќе извлечат поука од овој меч веќе во следното коло, на незгодното гостување против екипата на Стоук.

Се вчитува...