Клоп лут на УЕФА – Ќе ја „убиеме“ прекрасната игра наречена фудбал

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја нападна Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради одлуката завршните турнир од Лигата на нации да се игра четири дена по финалето во Лигата на шампионите.

 „Ако ние не се грижиме за нашите фудбалери, ќе ја убиеме прекрасната игра наречена фудбал. Сите ме гледаа чудно кога реков дека тоа не е добра идеја, а сега сите се изненадени кога во финалето на Лигата на шампионите играат два англиски тима. Истото ќе го зборев и доколку Ајакс играше финале во ЛШ, само тогаш во проблем ќе беше друга репрезентација“, изјави Клоп. 

Финалето во елитното натпреварување меѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра на 1. јуни во Мадрид, додека завршниот турнир во Лигата на нации на кој ќе настапат Англија, Португалија, Швајцарија и Холандија ќе се одржи од 5. до 9. јуни во Португалија.

Се вчитува...