Клоп: Мислам дека одигравме добар натпревар, но мора да бидеме на врв на задачата и во Шпанија

Ливерпул е на добар пат да избори уште едно финале во Лигата на Шампионите откако по првиот двомеч со Вилјареал има предност од 2-0. „Црвените“ кои беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот до истата стигнаа во две минути со автоголот на Еступинан и голот на Садио Мане.

По натпреварот задоволството од прикажаното на теренот не го криеше Јирген Клоп кој напомена дека неговите играчи мораат да останат концентрирани и на реваншот во Шпанија.

„Беше јасно дека само мораме да продолжиме со тоа што го правевме, а штом Вилјареал го намали притисокот веднаш стигаше казната. Во најголемиот дел од мечот добро го користевме тоа. Мислам дека одигравме добар натпревар. Бевме добри и во првото полувреме, а знаевме дека треба да продолжиме, да бидеме позитивни и концентрирани. За сега се е како што треба, но не чека пат за Шпанија каде ќе пробаме да стигнеме до финале. Мораме да бидеме сто отсто фокусирани и подготвени за тој реванш. Имаме два гола преднсот и тоа е добро, подобро отколку пред 90 минути. Ако не добијат со резултат кој нив ги носи во финале, тогаш заслужија, а ако не, тогаш ние заслуживме“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...