Клоп може да здивне, Астон Вила без Грилиш на „Енфилд“

Џек Грилиш ќе мора да паузира уште најмалку две седмици од терените, откако капитенот на Астон Вила ја обнови повредата во пресрет на утрешното гостување со Ливерпул. Крилниот офанзивец ги пропушти последните седум меча на Астон Вила, но притискаше на камбек токму против „црвените“. Сепак, менаџерот Дин Смит денеска објави лоша вест за клубот од „Вила Парк“.

Астон Вила славеше само на две од седумте средби без Грилиш, а отсуството на капитенот е сериозен проблем ако се знае дека во следните две кола овој тим игра со Ливерпул и со Манчестер Сити.

„Бевме оптимисти дека ќе може да игра во Ливерпул, искрено верувавме во тоа. Сепак, реалноста е поинаква, потколеницата не е доволно залечена и ќе мора да паузира уште најмалку две седмици“, изјави Смит.

Останува да се види дали Ливерпул ќе го искористи ова за да се одмазди за катастрофалниот пораз од 7-2 претрпен на првиот меч на „Вила Парк“ сезонава.

Се вчитува...