Клоп може да здивне – повредата на Салах не е сериозна

Мохамед Салах поради повреда на скочниот зглоб мораше предвреме да го напушти теренот на дербито со Тотенхем, а Јирген Клоп имаше причина за загриженост бидејќи најдобриот стрелец на „црвените“ ја обнови повредата поради која го пропушти дербито со Манчестер Јунајтед.

Сепак, денешниот ден донесе добра вест за германскиот стратег, откако Салах се појави на утринскиот тренинг, одработувајќи голем дел од вежбите со соиграчите.

Египетскиот голгетер ќе го пропушти следниот меч од Лига-купот на Англија против Арсенал, но се очекува да биде подготвен за наредниот натпревар од Премиер-лигата, на гостински терен против Астон Вила.

Се вчитува...