Клоп му даде шанса, па се покаја: Кеита на излезна врата од Ливерпул

Јирген Клоп долго време му укажуваше доверба на Наби Кеита, давајќи му шанса на трансфер-промашувањето вредно 60 милиони евра, но стратегот на Ливерпул го загуби трпението по очајното издание на фудбалерот од Гвинеја на последниот меч со Реал Мадрид.

Клоп изненади многумина со одлуката да го вклучи Кеита во стартниот тим на местото на Тијаго Алкантара за дуелот во Мадрид. Германецот набрзина се покаја, Кеита беше најслаб поединец на теренот, па менаџерот на „црвените“ реши да го повлече од игра веќе во првото полувреме, јасно ставајќи му до знаење дека очекувал многу повеќе од него.

„Црвените“ ќе го „реновираат“ средниот ред, Вајналдум си оди како слободен играч, а Кеита ќе ја предводи листата на оние кои ќе бидат предводени. На челниците на Ливерпул им е јасно дека нема шанси да си ги вратат оние инвестирани 60 милиони евра, но очекуваат да добијат барем половина од оваа сума за поранешниот фудбалер на Лајпциг. Понуда за Кеита подготвува поранешниот стратег на Ливерпул, Брендан Роџерс, кој сака да го види овој фудбалер во редовите на Лајпциг.

Се вчитува...