Клоп: Ние не сме Јувентус или Баерн…

Вилјареал е најпријатно изненадување сезонава во Лигата на Шампионите, откако „жолтата подморница“ во претходните две рунди ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен и се избори за место во полуфиналето, каде за противник ќе го има Ливерпул.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, е полн со респект за денешниот ривал, јасно ставајќи им до знаење на своите избраници дека не смее да дојде до никакво опуштање во нивниот настап ако се сака да се стигне до позитивен резултат на „Енфилд“.

„Пред нас е дуел со многу тежок противник. Тоа е екипа што е одлична за ваков вид на натпреварување, тактички се беспрекорно поставени и тешко е да ги пробиете. Можеби во претходните две рунди имаа мала предност бидејќи Јувентус и Баерн Минхен ги потценија, но гарантирам дека истото нема да се случи со нас. Нема шанса за такво нешто, ние премногу го респектираме Вилјареал и знаеме дека ќе ни биде тешко да стигнеме до билет за финалето. Зад нас ќе ги имаме навивачите, сакам сите заедно да уживаме во полуфиналето од Лигата на Шампионите, кое е желба на толку многу тимови, но има место само за најдобрите четири“, истакна Клоп.

Стратегот на Ливерпул нема да може да смета единствено на Роберто Фирмино, но има доволен избор на врвни напаѓачи во Салах, Мане, Дијаз и Жота, како и Ориги како адут од клупата доколку биде потребно.

Се вчитува...