Клоп: Салах не оди никаде, Ливерпул е најдобриот клуб за него!

Египќанецот Мохамед Салах ќе биде првиот фудбалер на Ливерпул од 1987 година, и само трет во историјата, кој во една сезона постигнал 40 или повеќе погодоци.

Салах во 44 натпревари сезонава постигна 39 погодоци па му недостасува само уште еден да го израмни потфатот на легендарниот Јан Раш од пред 31 година. А, со оглед дека до крајот на сезоната има уште десеттина натпревари сигурно тоа нема да му претставува поголем проблем.

Неговите одлични игри привлекоа голем број европски гиганти. Најмногу Реал Мадрид е загреан за неговите услуги, посакувајќи да го види во своите редови веќе ова лето. Но, иако интересот е огромен Салах останува на „Енфилд“…

„Нема шанси да го продадеме. Знаеме колку тој ужива тука и колку добро се вклопи во тимот. Ова е најдобриот тим за него. Воопшто не ме загрижуваат приказните за некакво негово заминување од Ливерпул“ – вели тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Салах има договор со Ливерпул до 2022 година. Заработува нешто помалку од пет милиони евра по сезона. Наскоро Ливерпул, според најавите, ќе му понуди нов далеку побогат договор.

Се вчитува...