Клоп: Тежок удар, само јас заслужувам критики

Дербито на 29. коло му припадна на Челси откако „сините“ славеа над Ливерпул на „Етихад“ со 1-0 благодарение на голот на Мејсон Маунт во 42. минута од натпреварот.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше незадоволството од бледата слика на теренот на своите фудбалери кои првиот и единствениот удар во рамките на противничкиот гол го имаа во 84. минута од натпреварот. Како што вели Германецот само детал ја одлучи средбата, но тој е единствениот виновик.

„Видовте се. Тесен натпревар, доста интензитет. Ние ги теравме нив на грешки, они нас, а на крајот тие ја искористија нашата грешка, додека ние не успеавме да ги искористиме нивните. Мејсон даде еден ритунски гол, моравме да го одбраниме тоа подобро. Таквите работи прават разлика. Тежок удар, ништо не е готово, но кога ќе изгубите толку натпревари колку што изгубивме ние немате право за говорите за пласман во ЛШ. Нема да ги кривам околностите, само една личност заслужува критики. Тоа сум јас, а тоа им го кажав и на момците“ – изјави Клоп.

И покрај турбулентната сезона германскиот стратег вегува со својот состав.

„Мораме да се бориме, да излеземе од оваа криза. Неопходно е да бидеме јаки, но верувам дека ќе успееме. Се зависи од овие момци“ – додаде тренерот на Ливерпул.

 

 

Се вчитува...