Клубовите од Мундијалот ќе поделат 178 милиони евра: Најголем дел од колачот за Сити, Реал и за Барселона!

Можеби за многумина неверојатно, но вистинито. ФИФА ќе исплати за клубовите вкупно 178 милиони евра за учество на нивните фудбалери на Светското првенство 2018 во Русија, многу повеќе од пред четири години во Бразил кога додели вкупно 59 милиони евра. Или ако сакате, точно 7.304 евра за секој ден кој секој од нивните играчи ќе го минат во Русија.

Секако, во моментов не може прецизно да се пресметка колку секој од клубовите ќе заработат затоа што не може да се предвиди колку секој од фудбалерите ќе се задржи на планетарната смотра, но сосема е јасно дека Манчестер сити, Реал Мадрид и Барселона имаат најдобра стартна позиција.

Теоретски, играч на една репрезентација која ќе стигне до финалето, а кој изминатите две сезони минал во ист клуб, на својата екипа ќе и донесе точно 350.500 евра.

Според бројот на фудбалери со кои ќе партиципира на СП 2018 број еден е Манчестер сити со вкупно 16 фудбалер. Зад него е Реал Мадрид со 15 репрезентативци, а Барселона има 14 фудбалери кои ќе играат во Русија. После овие три екипи следат Челси, ПСЖ и Тотенхем со по 12 фудбалери, и Баерн Минхен и Манчестер јунајтед со по 11 репрезентативци.

Е, сега кој колку ќе стигне подалеку на Мундијалот тоа е друга приказна…

Се вчитува...