Коби, Данкан и Гарнет во „Куќата на славните“

НБА ги објави кошаркарите кои ќе ја сочинуваат „Класата 2020“ во „Куќата на славните“. Очекувано меѓу нив се наоѓаат легендарниот Коби Брајант, кој во постхумно ќе биде примен во „Нејсмит“. Покрај него тука се и Кевин Гарнет и Тим Данкан.

Од ВНБА свое место во Спригнфилд доби Тамика Кечингс. Меѓу тренерите се најдоа Руди Томљановиќ, Ким Малки, Еди Сатон и Барбара Стивенс, додека од извршните лица честа годинава му припадна на Патрик Бауман.

 

Се вчитува...