Коби со ќерката и нејзина другарка патувале на кошаркарски натпревар

Светот го шокираше смртта на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант.  Дополнителен шок светот доживеа и со веќе потврдената вест дека во несреќата загина и неговата 13-годишна ќерка Џана Марија Оноре Брајант.

Во хеликоптерот покрај Коби и ќерката Џана, биле и нејзина другарка заедно со нејзиниот родител. Петтото лице кое загина во несреќата е пилотот на хеликоптерот.

Џана и нејзината другарка, како што пренесуваат американските медиуми, патувале на женски кошаркарски натпревари во млади категории на кој заедно настапувале за својот тим во непосредна близина на Лос Анѓелес. Коби и таткото на другото девојче патувале како нивна поддршка за тој натпревар.

Се вчитува...