ТРОГАТЕЛНО: Коби во ТВ-шоу за Џана – Таа оди по моите стапки (ВИДЕО)

И втор ден по авионската несреќа светот се уште се простува од еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Тој заедно со неговата ќерка Џана загина во неделата, во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Џана требаше да биде неговата наследничка и на теренот, бидејќи таа ја обожаваше кошарката исто како нејзиниот татко.

„Често ми говорат „Еј“ мораш да направиш син, мора некој да ја продолжи традицијата. Тогаш ќе се појави и таа и ќе одговори. Еј, јас сум за тоа задолжена. Таа е нешто навистина посебно кога е на теренот“, изјави Коби. 

Коби беше тренер на тимот во кој настапуваше „Џиџи“, а многу често ја носеше и на НБА натпревари каде од првите редови и ги откриваше „тајните“ на големите мајстори на кошарката.

 

Се вчитува...