Коби во 2020 постхумно ќе биде примен во „Куќата на славните“

Коби Брајант несреќно го загуби животот, откако вчера во Калифорнија се урна хеликоптерот, во кој покрај него беше и неговата ќерка, Џана. Тој активно од кошарката се прости во 2016 година, а оваа година постхумно ќе биде примен во „Куќата на славните“ во Спрингфилд.

„Се очекува тоа да биде една од најдобрите класи во историјата. Коби, Тим и Кевин. На Коби ќе му оддадеме почит каква што заслужува“, изјави шефот на Куќата на славните, Џери Коланџело. 

 

Се вчитува...