Кобни слобoдни за Дончиќ, Ленард ги одведе Клиперс до триумф во Далас (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс му го нанeсоа на Далас 11-от сезонски пораз на домашен терен, вкупно 16-ти со тесниот тирумф од 107-110 на гостувањето во Тексас. Исчекор кон триумфот „клиперс“ направија во втората четвртина кога по израмнетиот воведен дел побегнаа на девет поени дистанца. Предводен од Лука Дончиќ, Далас успеваше во неколку наврати да внесе неизвесност на средбата. Со серија од 1-15, „Клиперс“ побегнаа на 100-108 на една минута и 15 секунди до крајот.

Тројката на Дончиќ и погодокот на Макси Клебер го вратија Далас во игра. „Клиперс“ потоа промашија неколку напади, но Дончиќ им помогна во победата затоа што промаши две слободни фрлања на седум секунди пред крајот. Потоа Ленард беше успешен од линијата на слободни фрлања и го затвори тирумфот на „Клиперс“. Ленард и Дончиќ имаа по 36 поени. Словенецот беше на чекор до трипл-дабл бидејќи имаше по девет скока и асистенции.

Со 31 победа, наспроти 13-те порази, ЛА Клиперс се на вторoто место на табелата на Запад. Далас со скор 27-16 е на петтото место ов Конференцијата.

Се вчитува...