Кочаман ги разреши дилемите: Елмас ни е потребен, ќе игра за Фенербахче во пролетниот дел!

Тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман конечно ги разреши дилемите околу идниот статус на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој на почетокот од оваа година официјално е регистриран за турскиот гигант.

Во интервју за официјалната клупска интернет страница Кочаман потврди дека Елмас ќе биде еден од 14 странци кои Фенербахче ќе ги пријави за настап во пролетниот дел од шампионатот.

„Ние може да регистрираме 14 странци на кои со сигурност ќе сметаме во вториот дел од сезоната. А, еден од нив со сигурност е Елиф Елмас затоа што му е потребен на тимот“ – изјави Кочаман.

Првиот натпревар оваа година Фенербахче го игра на 20. јануари против Гезтепе, кога и може да се слуи дебито на 18-годишниот Елиф Елмас за тимот од Истанбул.

Се вчитува...