Кочов: Моите играчи се бореа како лавови…

Тренерот Ѓорѓи Кочов имаше само комплименти за изданието на своите кошаркари на денешниот дуел со Сплит, на кој МЗТ Скопје славеше со 70-64 и стигна до петтата победа во АБА2 лигата.

„Очекувано тежок натпревар. Морам да ги пофалам моите кошаркари, кои се бореа како лавови, одиграа многу агресивно, но и паметно, особено во второто полувреме. Би ги пофалил и моите помошници, кои одлично го подготвија мечот. И пред средбата кажав дека ќе се обидеме да не му дозволиме на гостинот да се одлепи, за да влеземе во неизвесна завршница во која би можеле да се издигнеме на психолошки план и да победиме. Среќен сум што успеавме во тоа и што славевме на крајот“ – изјави Кочов.

МЗТ Скопје во следното коло од АБА2 лигата ќе гостува во Словенија на тимот на Хелиос.

Се вчитува...