Кочов: Николов има потенцијал, му требаат натпревари за искуство

МЗТ Скопје во текот на летово во своите редови од неколкуте засилувања успеа и назад во мак-баскетот да го врати Кристијан Николов. Станува збор за играч кој долги години важеше за голем талент на македонската кошарка, потоа се откажа од македонскиот пасош за да се пресели во Турција, но во оваа земја не доби соодветна шанса да ги докаже своите квалитети.

Кристијан Николов е кошаркар што е талентиран, многу вреден и неслучајно ги минал школите низ кои настапувал во раната фаза од кариерата. Она што му недостига е искуство, доволно натпревари за да влезе во посакуваниот ритам, но тоа е нешто што ќе го доби во нашиот тим. Очекувам да има улога каква што лани имаше Андреј Магдевски, ќе добие шанса да влезе во ритам. Дефинитивно станува збор за играч со значителен потенцијал, некој што може да биде стандарден репрезентативец на Македонија во иднина“ – истакна тренерот Ѓорѓи Кочов.

Капитенот Дамјан Стојановски е оптимист дека по успешните подготовките, МЗТ успешно ќе ја стартува новата сезона.

„Мислам дека подготвителниот период мина успешно. Игравме со силни екипи, што беше добредојдено за да си ги увидиме слабостите и да видиме што треба да поправиме. Стартуваме утре против Слобода, немаме премногу сознанија за противникот, но ако играме како што знаеме верувам дека ќе дојдеме до посакуваната победа“ – изјави Стојановски.

Се вчитува...