Кочов останува на клупата на МЗТ и во следната сезона

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува сорабтката со тренерот, Ѓорѓи Кочов. Клубот информира дека младиот стратег останува на клупата и во следната сезона.

„Станува збор за шестиот стратег кој успеал да го донесе шампионскиот пехар во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата. Тој во „сино-белиот“ табор дојде во текот на предминатиот шампионат, а за него ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на МЗТ Скопје. Останување на Кочов воедно е и потврда на заложбата на нашиот клуб за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување. Популарниот Ѓоле веќе работи на формирањето на тимот за следниот период, со кој ќе се обидеме да го продолжиме трендот на остварување добри резултати како на домашна сцена така и во настапите во АБА2-лигата“ – стои во соопштението од МЗТ.

Се вчитува...