Кочов: Ова е нова екипа, МЗТ ќе биде уште посилен

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, не го криеше задоволството по одличното издание на неговиот тим и заслужената победа над Рогашка. „Металците“ останаа со максимален ефект во АБА2 и по третото одиграно коло, а Кочов очекува неговиот тим да игра уште подобро штом новите кошаркари целосно се адаптираат на средината.

„Честитки до моите кошаркари, кои испочитуваа се што беше договорено. Одбраната дефинитивно беше таа што го реши победникот, ова беше заеднички триумф на сите кошаркари, што секако ме радува. Ова е речиси нова екипа, која допрва се запознава и допрва треба да стане тим. Одиме понатаму, од меч во меч, без да се вртиме наназад“ – изјави Кочов по денешната победа.

МЗТ Скопје викендов во домашното првенство ќе се сретне со „братскиот тим“ МЗТ Скопје 2, по што ќе следи нов меч во СЦ „Јане Сандански“ во АБА2, овојпат против српскиот претставник Борац Чачак.

Се вчитува...