Кочов пред Сплит: Играме против најдобрата екипа во АБА2

Силниот ритам на натпревари на МЗТ Скопје продолжува со денешниот дуел на домашен терен против Сплит (19 часот, СЦ „Јане Сандански“). Хрватскиот тим допатува во Скопје со скор 3-2, МЗТ има една победа повеќе од противникот, но тренерот Ѓорѓи Кочов сепак фаворитската улога им ја препушти на гостите.

„Ние доаѓа екипа што според мене го има најдобриот состав во АБА2. Ако ги споредите моментните ростери на двата тима, јасно е дека ова ќе биде борба да Давид против Голијат.  Дел од моите играчи за првпат ќе се сретнат со поранешниот европски шампион, а според мене нема поголем мотив одиграњето против клуб како Сплит“ – изјави Кочов.

Македонскиот првак ќе биде ослабен со заминувањето на Нуни Омот, особено во ситуација кога новиот кошаркар Херис се уште не е на располагање на стручниот штаб.

Се вчитува...