Кочов: Среќни сме од стартот во АБА2, лани се мачевме еден месец за гостинска победа

МЗТ Скопје славеше и во вториот натпревар сезонава во АБА2, запишувајќи ја и првата гостинска победа од 65-77 против Спарс во Сараево.

Стратегот на „металците“, Ѓорѓи Кочов е задоволен од стартот на сезоната во регионалното натпреварување потенцирајќи дека сега неговиот тим сервира сосема поразлична приказна од таа од минатата година.

„Среќни сме секако од овој старт во АБА2 лигата, и среќни сме што во првиот гостински натпревар дојдовме до победата. За разлика од минатата година кога ни требаше повеќе од еден месец за да славиме. Борбеноста го одлучи победникот и навистина може да им честитам на играчите за максималниот ангажман“ – истакна Кочов по синоќешниот дуел во Сараево.

Се вчитува...