Коди Милер Мекинтаер се збогуваше од Црвена Звезда

Коди Милер Мекинтаер токму на денот во кој го прославува својот 32. роденден реши да се збогува од Црвена Звезда, откако одличниот плејмејкер веќе ги договори деталите од својот трансфер во Олимпијакос.

Коди пристигна од редовите на Басконија и се наметна како еден од лидерите на „црвено-белите“ од Белград, но не успеа да ги реализира зацртаните цели и со Звезда да се вмеша во трката за највисок пласман во Евролигата.

„Овој роденден го посветувам на тебе, Црвена звездо, на Србија и на сите семејства ширум балканот. Благодарен сум што ме прифативте ваков каков што сум. Се случи нешто меѓу нас, почнувавме повеќе да си веруваме, повеќе да се сакаме едни со други… Благодарност до Калиниќ што ме зеде под свое како неофицијален студент на историјата на Србија. Ќе ми недостигаат нашите разговори, моите бесконечни прашања… Додека ја учев вашата историја, јадев во локалните ресторани, зборував со навивачите по натпреварите, гледав деца како се појавуваат на секој тренинг… нешто допре до мене и ме освести. Ме натеравте да дадам се што имам. Беше моменти кога чувствував дека пламенот во мене се гаси, но вие повторно го запаливте. Се надевам дека во овие две години и јас нешто ви возвратив. Без разлика каде ќе ме одведе животот, во Србија секогаш ќе се чувствувам како дома. Голема благодарност до навивачите, никогаш не си го свртевме грбот едни на други. Љубовта не е совршена, но вреди да се бориме за неа. Ова не е збогум, туку ќе се видиме подоцна“, напиша Коди Милер Мекинтаер на својот профил на инстаграм.

Се вчитува...