Во битката за опстанок, ФК Скопје за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудфбалска лига се засили и со фудбалерот од Того, Кофи Досех.
Досех во редовите на Скопје доаѓа од прволигашот ФК Дито од Того.
Ново име во пролетниот дел во составот на Љупчо Марковски ќе биде и Милан Алексиќ кој доаѓа од редовите на ФК Турк Генчлик од Германија.
Претходно, како што е познато, Скопје веќе ги договори трансферите на Французинот Феудор Жоел Бопесу и Србинот Спасоје Стефановиќ кој дојде од Раднички Крагујевац, а во тимот пристапија и Есмин Личина од Вардар и Ангел Ѓорѓиевски од Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА