Кога Дончиќ ќе се разигра, противниците немаат шанса (видео)

Лука Дончиќ се мачи со незгодна повреда, но дури ни тоа не може да го запре големиот ас да го предводи Далас во успеси во овогодинешниот плејоф.

Далас најпрвин го елиминираше тимот на ЛА Клиперс, а сега има и водство од 3-2 против првиот носител Оклахома Сити тандер, за што најзаслужен е токму Дончиќ. Словенецот одигра импресивно на теренот на противникот, стигнувајќи до трипл-дабл од 31 поен, 10 скокови и 11 асистенции за нова гостинска победа на Далас во овој плејоф.

Кога Дончиќ ќе се разигра, противниците немаат шанса, тоа на своја кожа го почувствуваа и кошаркарите на Оклахома… погледнете како изгледаше последното шоу на Лука…

 

Се вчитува...