„Кога е Гризман на терен, Барса игра со фудбалер помалку“

Легендата на Барселона, Христо Стоичков, јавно го критикуваше Антоан Гризман за слабите партии што Французинот ги покажува во дресот на каталонскиот гигант.

Во ситуација кога сите очекуваат отказ да добие Роналд Куман, Стоичков застана во одбрана на својот поранешен соиграч. Според него, вистински потег на управата би било да се продаде Гризман, а не да биде доведен нов тренер.

„Слушам како сите зборуваат за Куман, како тој бил виновен и морал да биде подобар тренер. Вистината е дека на терен излегуваат фудбалери, единаесет против единаесет и се обидуваат да победат. Барса има реален проблем со Гризман, ги гледавме сите важни натпревари на кои тој беше во тимот, тој на ниту еден меч не покажа дека вреди толкаво богатство колку што Барселона плати за да го доведе. Напротив, Барселона е со играч помалку на теренот кога тој е во тимот“, изјави Стоичков.

Се вчитува...