Кога е најтешко, дајте му ја топката на Јокиќ (видео)

Никола Јокиќ постигна 20 поени во триумфот на Денвер над Орландо, но клучен беше шутот што српскиот центар го погоди на помалку од две минути до крајот на мечот.

Резултатот беше 87-88, Денвер немаше идеја во нападот, а потоа на две секунди до крајот топката беше спуштена до Јокиќ, кон аголот на теренот. За Србинот тоа не беше никаков проблем, со фантастично движење се сврте… и што е најважно погоди, носејќи „плус три“ за Денвер во клучниот дел од натпреварот.

Големината во спортот е токму таа, да се погоди кога е најтешко.

Се вчитува...