Кога Костоски ќе влезе во ритам, Питешт секогаш победува

Александар Костоски беше во главна улога при победата што ја забележа неговиот тим Питешт над Тимба Темишвар, со убедливи 95-78 за крај на регуларниот дел од сезоната во романскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец беше расположен за игра и делуваше незапирливо за противниците, постигнувајќи 22 поени со одличен шут 8/10 од поле (6/8 за тројка, 2/2 за два поени). Покрај поените, Костоски реализираше и пет скока и две асистенции, со што беше најзаслужен за убедливата победа на својот тим.

Питешт успеа да се пласира во горниот дел од табелата и ќе биде дел од Топ 6 разигрувањето за титулата, силни натпревари на кои Костоски ќе мора да продолжи во ист стил за неговиот тим да може да се вмеша во битката за највисок пласман.

Се вчитува...