„Кога луѓето мислеа дека ќе ги заразам со ракување, тој ме повика на Ол-стар“

Легендарната НБА ѕвезда, Меџик Џонскон беше голем пријател со Дејвид Штерн, комесарот кој 30 години ја предводеше Лигата, а  вчера почина како последица на мозочниот удар доживеан во декември. Џонсон раскажува за револуционерниот начин на размислување на Штерн.

„Тој беше човек кој создаваше историја. Кога во 1991 година објавив дека сум ХИВ позитивен, луѓето мислеа дека ќе ги заразам ако се ракуваат со мене. Дејвид сепак ме повика на Ол-стар викендот, следната година играв и во Дрим-тимот. Заедно го менувавме светот“ – вели Џонсон.

Во ерата на Дејвид Штерн, НБА лигата доживеа голема експанзија, стана суперпопуларна не само во САД туку секаде во светот, ова особено во 90-те години. На позицијата го наследи неговиот долгогодишен заменик, Адам Силвер.

 

 

Се вчитува...