Кога на Тотенхем му треба гол – тука е Хари Кејн

Тотенхем продолжува да чекори кон пласман што ќе му донесе место во ЛШ наредната сезона, по победата што „спарси“ попладнево ја забележаа на гостувањето против Стоук со 1-2.

Кристијан Ериксен одигра одличен меч со еден гол и една асистенција, но човек на одлука сепак беше Хари Кејн. Англискиот репрезентативец ја остави зад себе незгодната повреда на зглобот, се појави во стартниот тим на „спарси“ и кога беше најзначајно го постигна погодокот за 1-2 и огромни три бода на лондонскиот клуб.

Њукасл ја продолжи серијата добри игри славејќи во Лестер со 1-2, за максимални девет бода во последните три кола за тимот на Рафа Бенитез. Шелви и Перез донесоа водство од 0-2, пред Варди само да го ублажи поразот на Лестер на оваа средба.

Резултати Англија:

Бурнемаут – К. Палас 2-2, Лестер – Њукасл 1-2, Стоук – Тотенхем 1-2, Брајтон – Хадерсфилд 1-1, Ватфорд – Барнли 1-2, ВБА – Свонси 1-1.

Се вчитува...