Кога Пелистер е во криза, секогаш прв си оди тренерот

Томе Петрески повеќе не е шеф на стручниот штаб на ракометарите на Пелистер, откако овој стратег самиот си поднесе оставка од функцијата. Како пресуден се покажа поразот на гостувањето против Бутел, по кој Петрески реши да се повлече од тренерската позиција, најавувајќи нова криза во таборот на биточлани.

„Пелистерци“ секое лето „лутаат“ со стратегијата, па така беше и овојпат, Петрески остана на клупата, но беше извршен тотален ремонт во играчкиот кадар, што само по себе е доволна главоболка за секој тренер во пресрет на стартот на една нова сезона. Играта беше далеку под очекувањата, резултатите исто така (една победа и два порази во првите три кола), а неможноста да се формира посериозен ростер беше доволен предзнак за искусниот Петрески на време да се повлече, пред кризата да стане уште подлабока.

Во битолските кулоари се најавува дека заедно со тренерот ќе се повлечат и дел од членовите на Управниот одбор, што ќе значи „нов почеток“ за Пелистер, којзнае кој по ред во последните неколку години.

Се вчитува...