Италијанецот Лоренцо Сонего синоќа приреди вистинска сензација на АТП турнирот во Виена, препуштајќи му на првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ само три гема.
Ѓоковиќ го претрпе првиот пораз од тенисер послаб од 40. позиција на АТП листата од јуни 2018 година, кога во четвртфиналето на Ролан Гарос загуби исто така од Италијанец, Марко Чекинато кој во тој период беше дури 72. играч во светот.
И покрај поразот од Сонего, Ѓоковиќ со самиот пласман во четвртфиналето го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА