Кога Работнички погодува, победува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички ја покажа својата моќ и остана во игра за место во плејофот на АБА2 лигата со триумфот над Сутјеска од 84-62, што за „црвено-белите“ е третата победа во сезоната.

Избраниците на Димитар Мираковски одиграа одличен натпревар на двата дела од теренот во кој ги служеше шутот за три поени (11/27), а притоа беа и на врвот на своата задача во одбраната па заслужено стигнаа до нов триумф.

 

 

Се вчитува...