Кога срцето е поголемо од заморот (фотогалерија)

Македонските кошаркари продолжуваат со победничката серија, триумфирајќи и на четвртиот меч во низа, вклучувајќи го и оној прекинат дуел во Словачка. Овој денешниот се чини и најзначаен, бидејќи помогна за уште поголемо зацврстување на победничкиот карактер во нашите редови.

Проблемите си ги знаеме, уште пократката ротација по повредите на Теодор и Крстевски го зголеми и заморот поради товарот што паѓа на мал број играчи. Сепак, нема проблем кога срцето е поголемо од заморот, па „црвено-жолтите“ се сплотија на патот до нов успех. Кога требаше во одбраната блескаше и Мекиќ, во нападот клучни поени постигнуваше и Стајиќ, а кога беше најважно одговорноста ја презеде капитенот Стојановски. Точка на мечот стави Костоски… доказ дека ова беше извонредна колективна победа со која уште повеќе ќе се крене самодовербата пред она најважното – мечевите од претквалификациите за СП 2019.

[new_royalslider id=”720″]

Се вчитува...