Шкендија е пред промоцијата како нов шампион на Македонија, по три години симнувајќи го Вардар од пиедесталот.
Па, ако не е интересна битката за врвот, и тоа како до крајот на првенството ќе „гори“ битка за опстанокот. Победа, Пелистер и Скопје се само на бод разлика…
Скопје денеска својот меч против Силекс од 28. коло во ПМФЛ, поради суспензијата на својот терен, го играше во Кичево. Тимот на Љупчо Марковски можеше да се врати со значајни три бода, но Филип Петковски во 80. минута не реализираше пенал за триумф. Скопјани на крајот мораше да се задоволат само со 1-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА