Кои се десетте најплатени кошаркари во НБА лигата?

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА почнува на 22. октомври. Оф-сезоната донесе многу промени во тимовите, а во продолжение ви ги претставуваме 10. најплатени кошаркари во НБА.

Листата ја предводи Стеф Кари кој сезонава само од играње кошарка ќе заработи неверојатни 40 милиони долари. Второто место го делат Крис Пол и Расел Весбрук кои изманатово лето во трејд ги променија средините. Двајцата сезонава ќе заработат по 38,5 милиони долари. Четвртата позиција му припаѓа на Кевин Дурант кој и поради тоа што најверојатно ќе ја пропушти цела сезона, од Бруклин Нетс ќе заработи 38 милиони долари. Иста сума на пари ќе заработи и Џејмс Харден, кој заедно со Расел Весбрук ќе бидат тандем со најголема заработувачка во НБА.

Во топ 10 уште се и Џон Вол, Леброн Џејмс, Кајл Лаури, Блејк Грифин и Пол Џорџ.

Се вчитува...