Кој чека, ќе дочека: „Соколите“ победија на гости во АБА

Карпош соколи конечно победи на гости. Македонскиот клуб против силната Олимпија Љубљана за противник успеа да ја збрише ’клетвата’ и конечно да запише прва, историска победа на гостински терен во регионалната АБА лига. ВО драматичен натпревар, каде двете екипи наизменично си го предаваа водството „соколите“ славеа со конечни 92-97 (24-23, 18-28, 29-23, 21-23).

knezevic

Во воведните десет минути игра двете екипи ја демонстрираа желбата за нова победа во Јадранското натпреварување, но домаќините беа тие кои го отворија резултатот. Бојан Трајковски, кој на минатиот натпревар (против МЗТ Скопје) беше незапирлив од линијата за три поени не успеа да го реализира првиот напад за својот клуб од што профитира домашниот состав. Замислата на Трајковски ја оствари Мулалиќ запишувајќи ја својата прва и единствена тројка на натпреварот. Самодовербата на домаќинот порасна со предноста од 4-0 на почетокот, но „соколите“ набрзо се разбудија и вратија со иста мера за егал по 30 секунди (4-4). Се расположи и Лабовиќ, па Капрош соколи стигна и до првото водство (6-9) кое Пери подоцна го зголеми на дотогаш највисоки ’плус седум’ (13-20). Во наредните две минути гостите направија низа грешки и им дозволија на кошаркарите од Олимпија да го преземат водството (24-23). Нервозата порасна кај Драган Николиќ кој доби и техничка грешка чии совети на малата пауза пред вториот период и тоа како вродија со плод. „Соколите“ заиграа на висина на задачата и ја демолираа одбраната на домаќинот. Втората четвртина ја добија со десет поени повеќе (18-28) и на полувремето заминаа со удобна предност од девет поени (42-51).

sokolov

Предноста која ја имаа на крајот на првиот дел од натпреварот лесно беше прокоцкана во вториот дел. Доволно беше расположен само Оливер за да ја стопи негативата за словенечкиот клуб. Бројот на загубени топки на „соколите“ продолжи да расте, правопропорционално како и бројот на грешки во одбраната што резултираше со комплетно нова слика на паркетот. Гостите од Скопје не доминираа, што домаќините го искористија во своја полза за преземање на водството со серија од 6-0 (77-74). Очекувано, реагираше Николиќ, ги построи своите избраници на тајмаут, направи замена во рекетот (Зековиќ на местото на Лабовиќ), а Кендрик Пери погоди за три поени и за нов егал (77-77). Кога беше најпотребно, Бојан Трајковски ги презеде работите во свои раце. Репрезентативниот крилен центар ги водеше двата следни напади на својот клуб, реализира од поле и од далечина за ново водство (81-85) на нешто помалку од четири минути до крајот.

Сето тоа се чинеше залудно откако во наредните 30 секунди повторно домаќините беа во предност (89-88). Николиќ го повика својот последен тајмаут. Идејата да се создата шанса за Трајковски на низок пост не успеа. Оливер изнуди фаул од Пери додека реализира па на 90 секунди до крајот Олимпија имаше водство од четири поени (92-88). Можеби концентрацијата во одбраната не беше на највисоко ниво, но во нападот функционираше беспрекорно. Лабовиќ застана на линијата за пенали и ги реализира првите свои поени во вториот дел, а неколку секунди подоцна Трајковски со нова тројка во висинско време му донесе водство на својот клуб (92-93). Двете екипи го исполнија бонусот, но „соколите“ успеаја да реализираат во клучни моменти. Мавра реализира, Јанковиќ – не. Неколку секунди подоцна Зековиќ го запечати резултатот на 92-97.

mavra 

Зековиќ со 15 реализирани поени беше најефикасниот играч кај „соколите“ на денешниот натпревар. Лабовиќ постигна еден помалку, Вркиќ и Пери постигнаа по 13 поени додека Бојан Трајковски запиша 12 поени зад своето име. Двоцифрен беше уште и Мавра со 10 поени. Кај Олимпија одличен беше Оливер со 30 поени, Џеферсон постигна 17, три помалку имаше Јанковиќ.

Се вчитува...