Кој е Олександ Усик: Од пропаднат фудбалер до боксерски шампион

Олександр Усик е новиот боксерски првак откако со фантастична борба успеа да го симне од тронот Ентони Џошуа. Овој 34-годишен Украинец навидум беше под „радарот“ на елитата во боксот, но со синоќешното издание јасно покажа дека местото му е рамо до рамо со најдобрите во денешницата на овој спорт. Тој е третиот Украинец со шампионски појаси во професионалниот бокс, по браќата Кличко.

Усик е роден на 17 јануари 1987 година, на ист датум како и легендарниот Мухамед Али. Интересно е што негова прва љубов кога станува збор за спортовите не бил боксот, туку фудбалот. Откако ги минал младинските категории во украинскиот клуб Таврија и му станало јасно дека нема да може професионално да се занимава со фудбал, по што се насочува кон боксот.

Во аматерска категорија имаше импресивни 335 победи со само 15 порази. Најголем триумф му е оној на ОИ во Лондон, каде стигна до златниот медал по победата над Италијанецот Клемент Русо.

Во 2013 година се приклучува на профи-боксот, а само десет борби му беа потребни за првиот појас, тој стана шампион во ВБА- лесно-тешка категорија со триумфот на Полјакот Гловацки, прва борба што не ја заврши со нокаут.

Пет борби подоцна, во 2018 година, ги обедини појасите во ВБА, ВБА и ИБФ категориите по победата над Мурат Гасијев во Москва, а истата година го испрати Британецот Тони Белју во пензија.

По преминот во тешката категорија му беа потребни само две борби за да стигне до битка со Џошуа, најпрвин го нокаутираше Американецот Витерспун во седмата рунда, за лани во Лондон со судиска одлука да го совлада и Дерек Чисора.

Без оглед на импресивниот скор тој важеше за аутсајдер против Џошуа, но Украинецот блесна кога беше најважно, го натера светскиот шампион на капитулација и стана трет во историјата што стигнал до титулите во две различни тежински категории, по Ивандер Холифилд и Дејвид Хеј.

Се вчитува...