Кој му вика на Анчелоти, за казна добива – бакнеж (видео)

Не е лесно да се биде тренер, особено на тим како Баерн преполн со ѕвезди кои сакаат цело време да се на теренот. Сепак, Карло Анчелоти уште еднаш покажа зошто е вистинскиот човек за оваа работа – на фантастичен начин смирувајќи ги страстите откако Франк Рибери гласно се бунеше што беше заменет при водството на Баерн против Борусија Дортмунд.

Французинот беше бесен, дури и му се внесе в лице на Анчелоти, кој му одговори на Рибери – со бакнеж. Крилниот фудбалер беше изненаден, но лутината експресно ја замени со насмевка.

Анчелоти прекрасно бакнува. Што да кажам, бакнежот беше природен, позитивен, полн со емоции“ – се шегуваше Рибери по натпреварот.

Ribery se volvió loco con Ancelotti por cambiarle by mjaradat341

Бакнежот на тренерот на Баерн придонесе уште повеќе да се подобри атмосферата во редовите на баварскиот гигант пред двомечот со Реал во Лигата на шампионите.

Сега јас сум љубоморен. Ќе треба да се налутам, за и јас да добијам бакнеж како Рибери“ – истакна Арјен Робен со насмевка по вчерашниот тренинг на Баерн.

Се вчитува...