Кој последен се смее, најслатко се смее: Симеоне во свој стил го прослави голот на Гризман

Мадридски Атлетико синоќа во Лондон против Арсенал цели 80 минути играше со фудбалер помалку по исклучувањњето на Шиме Вршаљко уште во 10. минута од средбата.

Но, и покрај тоа Атлетико успеа да извлече 1-1 со гол на Антоан Гризман во 82. минута.

И, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне речиси комплетниот натпревар го проследи од трибините. И него судијата го „исфрли“ од терен по протестите во 13. минута веднаш по исклучувањето на Вршаљко, а навивачите на Арсенал го исмејуваа додека го напушташе теренот…

Но, на крајот Аргентинецот е тој кој последен се смееше, а погодокот на Гризман го испрати со интересна прослава….

Се вчитува...