Кој со кого до крајот во Бундес-лигата: Борусија има одличен распоред на патот до титулата

Тоталниот пад на Баерн Минхен и најновиот пораз од Мајнц придонесе баварскиот гигант да го загуби и првото место на табелата, каде моментно на чело се наоѓа Борусија Дортмунд со 60 бода, пред Баерн со 59, Унион Берлин со 52 и Лајпциг со 51 бод.

До крајот на шампионатот има само уште пет рунди, а „милионерите“ од Дортмунд имаат одличен распоред, ако се знае дека немаат дуели со екипи од Топ 5 на табелата. Борусија ќе игра со Мајнц, но тоа ќе биде меч на домашен терен во последното коло, на кој ако биде решавачки за титулата нема сомнеж дека тимот од Дортмунд бодрен од фанатичните навивачи ќе најде начин да стигне до победата.

Борусија ја очекуваат гостувања против Бохум и Аугсбург, додека на домашен терен ќе се сретне со Волфсбург и со Борусија Менхенгладбах, тимови што се далеку од посакуваната форма оваа сезона.

На спротивната страна, Баерн за ривал ќе ги има аутсајдерите Шалке и Херта, ќе треба да гостува во Бремен на Вердер, ќе мора да игра и дерби на свој терен со Лајпциг, а во последното коло баварскиот гигант го очекува гостување во Келн. Баварците на хартија се фаворити на сите натпревари, но очајната форма во која се наоѓаат е причината поради која се предвидува и крај на нивната доминација на германската фудбалска сцена.

30. КОЛО

Бохум – БОРУСИЈА Д.

Баерн М. – Херта

31. КОЛО

БОРУСИЈА Д. – Волфсбург

Вердер – Баерн

32. КОЛО

БОРУСИЈА Д. – Борусија М.

Баерн – Шалке

33. КОЛО

Аугсбург – БОРУСИЈА Д.

Баерн М. – Лајпциг

34. КОЛО

БОРУСИЈА Д. – Мајнц

Келн – Баерн М.

Се вчитува...