Серијата катастрофални игри на Работнички продолжи и на денешниот дуел со ТФТ, на која најтрофејниот македонски клуб загуби од екипата што за првпат сезонава настапува во елитното друштво на мак-баскетот.
Боро Смилковски е уште еден стратег што излегува како победник од надмудрувањето со Мираковски, неговиот тим одигра во високо темпо од почеток до крај и заслужено се радуваше на победата.
На спротивната страна, кај „центарци“ многу работи се уште не функционираат, не помогнаа ниту советите од Марин Докузовски, кој седеше веднаш над клупата на Работнички, па резултатската криза на оваа екипа уште повеќе се продлабочува.
Само немојте да мислите дека Работнички не може полошо од ова, бидејќи „центарци“ на секој нов натпревар се надминуваат, на ниво на кое што никогаш не ни помислувавме дека ќе ги видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА