Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 25 април, преку формат што ја става во фокус целата македонска фитнес заедница!
Глобалниот фитнес натпревар Red Bull Gym Clash првпат пристигнува во Македонија, носејќи нов формат на тимско натпреварување што ги обединува најдобрите спортисти од различни сали за вежбање ширум светот преку серија фитнес предизвици што ја тестираат нивната моќ, вештина и издржливост.

Секоја сала за вежбање во Македонија има можност да се пријави со нивен тим од четворица: две жени и двајца мажи. Наместо индивидуални резултати, тука се вреднува начинот на кој тимот функционира како целина, а секој сегмент од натпреварот е дизајниран да го извлече максимумот од тимовите, додека истовремено бара стратегија, комуникација и заеднички пристап во решавањето на предизвиците.
Целта на Red Bull Gym Clash е заедно да поминат низ сите предизвици, да обезбедат место на светското финале во Египет и тимски да се изборат за титулата ‘најдобра сала на светот’.
Натпреварот ќе започне со национално финале на 25 април во 11 часот во Palestra Fitness Center, Скопје, каде ќе дознаеме кој тим ќе ја претставува Македонија на светското финале. На настанот ќе присуствува Жарко Батиќ како спортски директор, а како специјален гостин доаѓа повеќекратниот шампион во функционален фитнес – Лука Џукиќ.
„Red Bull Gym Clash е посебен затоа што го става тимскиот дух во прв план. Ќе биде интересно да се види како тимовите ќе се снајдат во различни предизвици и кој ќе успее да обезбеди место на светското финале“, изјави Лука.
За Жарко, ова натпреварување претставува повеќе од класичен фитнес предизвик:„После секој натпревар секогаш се враќаш полн со мотивација без разлика на резултатот. Одлично искуство е, топ дружба и ќе си го провериш до кај ти е нивото на физичка подготвеност, а и да не заборавиме, победниците ќе имаат шанса да ја претставуваат својата сала на глобалната фитнес сцена.“
Националниот победнички тим освен тоа што ќе оди на светското Red Bull Gym Clash финале во Египет, добива Garmin Vivoactive 5 часовници и опрема за кревање тегови и гимнастика од Monos Armoury.

На светското финале, најдобрите екипи од 29 земји, меѓу кои и Македонија, ќе се натпреваруваат за титулата најдобра сала за вежбање во светот.
Пријавите се во тек, а сите сали за вежбање кои сакаат да се испробаат во овој формат сè уште имаат можност да се приклучат со четиричлени тимови на овој линк!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

