Која е судијката поради која Ѓоковиќ беше дисквалификуван – „Жена мачка“ која е фан на Рафаел Надал?

Новак Ѓоковиќ во првата објава по дисквалификацијата на УС опен не сакаше да го спомене името на судијката поради која беше исфрлен од УС опен. Несреќниот потег на Србинот е топ-тема во светските медиуми кои го најдоа идентитето на судијката која беше удрена од првиот рекет на светот. Се работи за Лаура Кларк која има 56. години. На социјалните мрежи е потпишана „Жена мачка“, а пред некое време имала и семејна трагедија откако починал нејзиниот син.

Голем дел од фановите на Србинот ја напаѓаат бидејќи во 2017 кога судела на турнирот во Барселона кој го освоил Рафаел Надал била многу среќна поради победата на Шпанецот.

 

Се вчитува...